
Македонскиот шампион Шкендија вечерва од 20 часот ќе се обиде да обезбеди победа на реванш натпреварот против ТНС во првото коло од квалификациите на Лигата на шампионите.
По натпреварот без голови на гостувањето во Велс, тетовци вечерва ќе настапат со силна мотивација на Арената „Тодор Проески“ и јасна цел – пласман во следната рунда и продолжување на европската авантура. Победа во овој дуел не само што ќе ги однесе во второто коло од ЛШ, туку ќе им гарантира и учество во европските купови до плеј-оф фазата на Конференциската лига, дури и ако бидат елиминирани во наредните фази.
„Ако се земат предвид условите – вештачки терен и отсуство на Ибраими и Алхасан за време на подготовките во Словенија – тогаш резултатот од првиот натпревар е сосема прифатлив. Мораме да останеме приземни и фокусирани, и да дадеме сѐ од себе за победа пред нашите навивачи. Имаме квалитет и важиме за фаворити, но тоа мора да се покаже и на теренот,“ изјави тренерот на Шкендија, Јетон Беќири.
Шкендија и во минатото била убедлива против ТНС, токму во Скопје славеше со 5-0, а херој на тој натпревар беше Бесарт Ибраими со четири гола.
„Овојпат нѐ очекува сосема поинаков натпревар, но подготвени сме да го дадеме максимумот и да продолжиме понатаму во квалификациите за Лигата на шампионите“, изјави Ибраими.
Ако ја елиминира ТНС, Шкендија во второто квалификациско коло ќе се соочи со силниот романски претставник ФЦСБ од Букурешт.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Матиќ: Вардар секогаш игра на победа

Прва лига
Пелистер го доведе Марјан Ристовски

Евро-фудбал
Челси не се откажува од трансферот на Гарначо

Прва лига
Тиквеш го врати Иван Ивановски

Евро-фудбал
Карерас е новиот „крал“ во Мадрид

Евро-фудбал
Лука Модриќ официјално е нов играч на Милан
