
Италијанскиот калчолигаш Јувентус подготвува нова понуда до Пари Сен Жермен за францускиот напаѓач Рандал Коло Муани, пренесува „Газета дело Спорт“. Според информациите, торинскиот клуб ќе предложи нова позајмица вредна 10 милиони евра со опција за откуп на крајот од сезоната 2025/26.
Коло Муани се приклучи на Јувентус во јануари како позајмен играч и остана дел од тимот за Светското клупско првенство. Сепак, во сегашниот договор нема клаузула за откуп, што значи дека „Старата дама“ мора повторно да преговара со ПСЖ ако сака да го задржи напаѓачот и во иднина.
Во минатата сезона во Серија А, Коло Муани одигра 16 натпревари, постигна осум голови и забележа една асистенција, со вкупно 1247 минути на теренот.
Планот на Јувентус е да го задржи напаѓачот до јуни 2026 година, а се разгледува и опција за задолжителен откуп под одредени услови. Парижаните, пак, би сакале да вклучат задолжителна клаузула веднаш или поврзана со лесно достижни цели. ПСЖ преферира целосна продажба, особено бидејќи плати 95 милиони евра на Ајнтрахт Франкфурт за неговите услуги во 2023 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Интернационалци
Бојан Миовски пред трансфер во Глазгов Ренџерс

Женски фудбал
ЖФК Љуботен со убедлив пораз од Розенгард во ЛШ

Интернационалци
Бојан Димоски пред трансфер во ТСЦ Бачка Топола
