Португалскиот клуб Бенфика планира да понуди 20 милиони евра на Челси за откуп на половина од правата на Жоао Феликс, со цел да го врати во Лисабон ова лето.
Според португалското издание „О Жого“, приоритет за Бенфика е токму ангажманот на Феликс, кој е заинтересиран повторно да соработува со својот поранешен тренер Бруно Лаже. Играчот е подготвен да прифати намалување на платата за да се врати во Бенфика, бидејќи клубот не може да си дозволи големи финансиски вложувања.
Феликс беше продаден на Атлетико Мадрид за рекордни над 120 милиони евра, но не ги исполни очекувањата. Следуваа позајмици во Челси и Барселона. Челси го откупи од Атлетико, но и таму не се снајде најдобро, па во февруари беше позајмен на Милан, кој сепак не покажа интерес за негово трајно задржување.
Покрај тоа, Бенфика покажува интерес и за Тијаго Алмада од Ботафого. Аргентинскиот офанзивен играч од средниот ред помина половина од минатата сезона како позајмен фудбалер во Лион, кој сака да го задржи, но моменталните финансиски проблеми го спречуваат клубот да го откупи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













