Сагата околу иднината на Виктор Осимен доби нов пресврт. Според информациите од Италија, во моментов преговорите се блокирани од страна на Наполи, бидејќи раководството на „партенопеите“ не ги добило бараните гаранции дека Галатасарај може да ја исплати целата сума од 75 милиони евра.
Турскиот клуб понудил да ја плати клаузулата на рати во рок од пет години, но во Неапол не се задоволни ниту од структурата на исплатата, ниту од фактот што немаат реални гаранции дека ќе ја добијат целата сума.
Иако Галатасарај официјално ја понуди бараната сума, Наполи останува резервиран.
Осимен, кој претходно ја одби понудата од Ал-Хилал, инсистира да остане во Галатасарај, каде што играше како позајмен играч минатата сезона. Тој дури одбил да ги започне претсезонски подготовки со Наполи.
Напаѓачот веќе ги договорил личните услови со Галатасарај и е подготвен да потпише договор со истанбулскиот клуб до 2028 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













