Connect with us

Реал Мадрид го купува Алваро Карерас за 50 милиони евра

Алваро Карерас, 22-годишниот лев бек, ќе стане нов фудбалер на Реал Мадрид. Трансферот го потврди најпознатиот фудбалски новинар за трансфери, Фабрицио Романо, кој откри и некои детали од договорот меѓу Реал и Бенфика, од каде што доаѓа шпанскиот репрезентативец до 21 година.

Карерас ја помина младинската школа на Реал Мадрид пред да се пресели во Манчестер Јунајтед на 17-годишна возраст. Таму го продолжи својот развој и во 2022 година потпиша професионален договор со клубот од „Олд Трафорд“. Иако беше фудбалер на Јунајтед, никогаш не настапи за првиот тим. Се развиваше преку позајмици во Престон, Гранада и Бенфика, која во 2024 година го откупи за 6 милиони евра, со можни дополнителни 3 милиони преку бонуси.

Трансферот меѓу Бенфика и Реал Мадрид вреди 50 милиони евра, а постигнат е усмен договор според кој Карерас се сели на „Сантијаго Бернабеу“. Реал успеал да договори исплата на сумата на рати, наместо одеднаш. Се чека само потврда од Манчестер Јунајтед дека нема да ја активира откупната клаузула која ја има во договорот со Бенфика.

Карерас за Бенфика одигра 68 натпревари, постигна пет голови и забележа шест асистенции. Со португалскиот клуб има договор до летото 2029 година, а неговата вредност се проценува на 35 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови