Connect with us

Антологиски дебакл за Борац Бања Лука, понижен од аматери од Андора на домашен терен

Борац Бања Лука во првиот натпревар од квалификациите за Конференциската лига доживеа срамен пораз на домашен терен од Санта Колома со неверојатни 1-4, што претставува еден од најголемите дебакли во поновата историја на клупскиот фудбал во Босна и Херцеговина.

Минатата сезона за бањалучани беше феноменални на европската сцена, стигнаа до нокаут-фазата од Конференциската лига, но оваа сезона им започна катастрофално.

Најлош период на мечот се случи од 29. до 40. минута, кога Борац прими три гола во само 11 минути.

Моурело погоди за водство на гостите во 29. минута, а пет минути подоцна беше досуден пенал кој Цистеро го претвори во гол.

Во 40. минута следеше уште еден гол за Санта Колома, со што првото полувреме доби нереален тек за тимот од Андора и најави дебакл за Борац.

Кошмарот продолжи и во второто полувреме – Леон во 66. минута зголеми на 0-4, предизвикувајќи шок не само во БиХ туку и низ целиот регион.

Кулашин во 71. минута постигна почесен гол за Борац, кој потоа изврши притисок во обид да намали уште повеќе, но без успех.

Резултатот остана непроменет, и сега Борац во реваншот за седум дена во Андора го чека речиси невозможна мисија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови