Раководството на Ал-Хилал планира да се вмеша во трката за напаѓачот на Лајпциг, Бењамин Шешко, и во наредните денови да испрати конкретна и силна понуда за словенечкиот голгетер.
Шешко досега беше една од главните трансферни цели на Арсенал, но „топчиите“ се чини дека се сѐ понеодлучни, бидејќи не сакаат да ја платат бараната отштета од 80 милиони евра од страна на Лајпциг.
Ал-Хилал не успеа да го ангажира Виктор Осимен, и покрај неколкуте импресивни понуди, па сега активно бара нов голгетер. Сумата од 80 милиони евра не претставува проблем за саудискиот клуб, кој беше подготвен да плати 75 милиони евра за Осимен.
Исто така, и платата на Шешко не е пречка за Ал-Хилал, кој лесно може да ги исполни финансиските барања на словенечкиот напаѓач.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













