Англискиот премиерлигаш Арсенал официјално го претстави своето трето летно засилување, данскиот репрезентативец Кристијан Норгард.
31-годишниот дефанзивен играч за врска доаѓа од Брентфорд за сума од 10 милиони фунти, плус дополнителни 2 милиони во форма на бонуси.
Спортскиот директор на Арсенал, Андреа Берта, при претставувањето на Норгард изјави:
„Многу сме задоволни што Кристијан е дел од Арсенал. Тој е проверен премиерлигашки играч кој поседува одлични квалитети. Вистински лидер, тактички интелигентен и многу флексибилен – ќе има големо позитивно влијание врз тимот.“
Микел Артета верува во неговите квалитети.
„Пресреќен сум што Кристијан е веќе со нас. Има големо искуство, енергичен е, силен во дуели и тактички совршено поткован. Ќе ни донесе рамнотежа и длабочина во средниот ред. Се радуваме на соработката и му посакуваме добредојде на него и неговото семејство во Арсенал“, истакна Артета.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













