Раководството на италијанскиот калчолигаш Интер нема намера да ја одолжува ситуацијата со Хакан Чалханоглу и веќе му поставило ултиматум на неговиот агент. Спортскиот директор на клубот, Пјеро Аузилио, стапил во контакт со агентот на турскиот репрезентативец, Гордон Стипиќ, и го информирал дека, доколку до 13 јули не пристигне конкретна понуда за играчот, тој ќе мора да остане во клубот, пренесува „Газета дело Спорт“.
Интер ја започнува својата претсезонска подготовка на 1 август, а желбата на Аузилио е новиот тренер Кристијан Киву да располага со комплетен состав од самиот почеток. Целта е да се избегнат потенцијални недоразбирања или тензии во тимот кога ќе започнат тренинзите.
Галатасарај покажува интерес за 31-годишниот Чалханоглу, но сè уште не испратил официјална понуда. Во меѓувреме, бразилскиот играч за врска Едерсон, кој ја освои Лига Европа со Аталанта во сезоната 2023/24, се споменува како потенцијална замена за Турчинот. Едерсон веќе дал зелено светло за евентуален трансфер во Интер.
Интер, од своја страна, ја намалил побараната сума за Чалханоглу од првичните 40 милиони на 32 милиони евра. Доколку трансфер не се реализира до поставениот рок, Чалханоглу ќе мора да се приклучи на подготовките на тимот под водство на Киву.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













