Интер ќе направи трет обид да го ангажира Марко Асенсио, пишува весникот „Газета дело Спорт“. „Нерoаѕурите“ првиот обид го направиле во летото 2023 година, а втората понуда била испратена во јануари годинава, но тогаш италијанскиот клуб не успеал да се ослободи од Марко Арнаутовиќ и Хоакин Кореа.
Асенсио е играч на Пари Сен Жермен, но не влегува во плановите на тренерот Луис Енрике и е ставен на трансфер-листа. Во последните шест месеци играше како позајмен фудбалер во Астон Вила во Премиер – лигата.
Договорот на Марко Асенсио со ПСЖ трае до 2026 година, што значи дека францускиот шампион нема да бара висока отштета за Шпанецот.
Се очекува двата клуба да постигнат договор во вредност од 10 до 12 милиони евра. Асенсио има годишна нето-плата од 8 милиони евра, но доколку премине во Интер, ќе треба да се откаже од дел од своите примања.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар по осум години ја победи Шкендија, и тоа на гости во Тетово со...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
По осум години Вардар ја тресна Шкендија, и тоа во Тетово со 0-1. Цврст...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Патрик Виеира доби отказ од Џенова













