Connect with us

Ибраими и Беќири: Добро го познаваме ТНС, Шкендија сака пласман понатаму

Тренерот на Шкендија, Јетон Беќири, заедно со капитенот Бесарт Ибраими, вечерва се обратија на официјалната прес-конференција во пресрет на утрешниот дуел против ТНС во првото квалификациско коло од Лигата на шампионите.

„Целосно сме подготвени за предизвикот што нѐ очекува утре. Од самиот старт на подготовките работевме посветено и со сериозен пристап. Сигурен сум дека играчите ќе дадат сè од себе. Направивме темелна анализа на нашиот противник. Иако најголемиот дел од пријателските натпревари им беа снимани со аматерска опрема, успеавме да извлечеме корисни и прецизни информации. Забележавме три до четири измени во нивниот состав, но генерално го задржале својот стандарден систем на игра. Уверен сум дека играчите добија доволно јасни насоки и очекувам утре да одиграат на највисоко ниво за да дојдеме до позитивен резултат“, изјави Беќири.

Капитенот Бесарт Ибраими истакна дека тимот на ТНС им е добро познат.

„Искрено, добро го познаваме ТНС. Направивме детална анализа на нивната игра и ги знаеме и нивните добри, но и слабите страни. Имаме убави спомени од претходните дуели со нив, особено од елиминацијата што ја направивме тогаш. Ни претставува задоволство што повторно ќе се соочиме со нив и се надеваме дека ќе го повториме истиот успех“, истакна Ибраими.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови