Connect with us

ПСЖ тргнува по Родриго

Европскиот првак Пари Сен Жермен сака да ја искористи ситуацијата на Родриго и да го доведе Бразилецот на “Паркот на принцовите”. Крилниот напаѓач не е прва опција кај новиот тренер Чаби Алонсо, што секако предизвикува незадоволство кај Родриго.

Тој веќе размислува за заминување од Реал Мадрид, а развојот на настаните будно го следат Манчестер Сити и Арсенал. Сега во трката за Бразилецот е и Пари Сен Жермен.

Реал Мадрид, според проценките, за трансферот на Родриго, ќе бара отштета од 90 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови