Connect with us

„You ‘ll never walk alone“ во вистински смисол: Ливерпул ќе го исплати во целост договорот на Диого Жота и ќе ги школува неговите деца

Фудбалот е во жалост. Ливерпул тагува. Смртта на Диого Жота и неговиот брат Андре Силва претставува една од најтешките трагедии што го потресла спортскиот свет во последните години.

Од моментот кога се прошири веста за фаталната сообраќајна несреќа што се случи во петокот, во јавноста владее длабоко чувство на болка, неверување и тага. Вакво нешто не се памети од трагичната смрт на кошаркарската легенда Коби Брајант и неговата ќерка Џана.

Во саботата, делегација на Ливерпул, составена од неколку играчи и претставници на клубот, пристигна во португалскиот град Гондомар за да се збогува со својот соиграч и пријател. Клубот најави дека ќе преземе чекори за името на Жота да остане вечно врежано во историјата на Ливерпул.

Како прв знак на почит, дресот со број „20“ ќе биде повлечен, што ќе биде првпат клубот официјално да повлече играчки број. Дополнително, според информациите на весникот „Рекорд“, Ливерпул ќе го исплати целосниот преостанат дел од договорот на Жота на неговото семејство.

Клубот ќе се погрижи и за иднината на неговите деца – трошоците за нивното образование ќе бидат целосно покриени до полнолетство. Ова е благороден гест кој само го потврдува интегритетот и вредностите на клубот од „Енфилд“.

Диого Жота зад себе остави сопруга, Руте, и три деца. Неговата искреност, пожртвуваност и љубов кон фудбалот ќе останат запаметени. Иако неговата кариера беше прекината прерано, споменот за него ќе живее вечно – преку навивачите, клубот и сите што го познаваа.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови