Ливерпул триумфираше со 3-1 на пријателскиот натпревар против Јокохама, одигран во Јапонија, меч кој ќе остане запаметен како дебитантскиот погодок на Флоријан Вирц во дресот на „црвените“.
Хуго Екитике за првпат го облече дресот на Ливерпул и настапи во првото полувреме, кое заврши без голови. Вториот дел донесе многу повеќе возбудувања — Јокохама прв дојде до водство, но тоа само ги разбуди избраниците на Арне Слот.
Израмнувањето го донесе Вирц со својот прв гол по пристигнувањето од Баер Леверкузен. Младиот Треј Ниони ја продолжи серијата со погодок за 2-1, а крајниот резултат го постави само 16-годишниот Рио Нгумоха со маестрален гол, крунисувајќи ја својата импресивна форма во подготовките.
-
Кристијано Роналдо ги предводи „дедовците“ на СП, тука се и Модриќ, Џеко, Нојер…
Осум фудбалери постари од 40 години, меѓу кои и Кристијано Роналдо, ќе настапат на...
Автор makfudbal
-
Мбапе го брани епитетот најдобар стрелец на СП, Жист Фонтен и натаму е ненадминлив
Килијан Мбапе ќе го брани трофејот наменет за најдобар стрелец на Светското првенство. Досега...
Автор makfudbal













