Милан го претстави своето прво големо засилување во летниот преоден рок, Самуеле Ричи, играч од средниот ред кој пристигнува од Торино.
Трансферот е вреден 25 милиони евра, а клубот од Торино ќе има право на 10% од следната продажба на играчот. Ричи потпиша договор со „росонерите“ на четири години, со можност за продолжување на уште една сезона, а ќе инкасира 2,2 милиони евра по сезона. Во Милан ќе го носи дресот со број 4.
A new Rossonero heartbeat 💓🇮🇹
— AC Milan (@acmilan) July 3, 2025
𝑺𝒂𝒎𝒖𝒆𝒍𝒆 𝑹𝒊𝒄𝒄𝒊 is officially one of us 🤝#WelcomeRicci #SempreMilan
Ричи, кој има 23 години, потекнува од младинската школа на Емполи, а во Торино премина во летото 2022 година. За „биковите“ одигра 113 натпревари, при што постигна четири гола и забележа седум асистенции.
Тој е и дел од сениорската репрезентација на Италија, за која досега има 10 настапи.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













