Преку продажната мрежа на МкТикетс стартуваше продажбата на влезници за квалификацискиот натпревар од Конференциската лига меѓу Вардар и Ла Фиорита од Сан Марино.
Билетите се достапни по цени од 100 до 300 денари, а онлајн можете да ги набавите ТУКА, со можност самите да го изберете вашето седиште.
За овој дуел ќе бидат отворени само јужната и западната трибина. Северната ќе биде резервирана за официјални претставници, ВИП гости, медиуми и други поканети од страна на ФК Вардар.
Средбата ќе се одигра на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје на 10 јули со почеток во 20:30 часот, а реваншот ќе се одигра точно една недела подоцна.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













