
Дефанзивецот Јасмин Мециновиќ е ново засилување за Работнички. Тој треба да ја засили конкуренцијата во одбраната на тимот на Бојан Маркоски, во пресрет на настапите во квалификациите за Конференциската лига и за новата сезона во македонскиот шампионат.
Мециновиќ доаѓа од редовите на Вардар каде ја мина минатата сезона.
34-годишниот одбранбен фудбалер во кариерата има играно и за Скопје, Пелистер, Струга ТЛ, Хоризонт Турново, Ренова, Македонија ЃП, Беса, во македонскиот шампионат, како и за неколку клубови во странство, Шериф Тираспол (Молдавија), Егри, Ломбард Папа (Унгарија), Согндал (Норвешка), Банантс (Ерменија), Мелака (Малезија), Трепча (Косово), Нејмех (Либан), Рудар Пљевља, Подгорица (Црна Гора), Феризај (Косово).

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal