Connect with us

Барди и официјално се раздели со Бодрумспор

Македонскиот репрезентативен капитен, Енис Барди, сега е слободен играч откако клубот Бодрум официјално му се заблагодари за придонесот. Барди пристигна во јануарскиот преоден рок од Трабзон, но по шест месеци го напушта тимот, откако Бодрум испадна во Втората лига на турскиот фудбал.

Во моментов, за неговиот потпис се заинтересирани неколку клубови од Турција и Шпанија, а најсилен кандидат е Ризеспор, тим од елитата на турскиот фудбал, кој го следи македонскиот капитен.

Во официјалното соопштение од Бодрумспор стои: „Му се заблагодаруваме на Барди, чиј договор истече, и му посакуваме многу успех во понатамошната кариера.“

Барди сега е во фокусот на вниманието за нов предизвик и подготвен е да продолжи да ја носи македонската репрезентативна лента во следната фаза од својата кариера.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови