
Новиот македонски прволигаш Арсими го најави своето ново засилување за сезоната 2025/26 – станува збор за босанскиот фудбалер Армин Бешагиќ, кој треба да го засили средниот ред на тимот.
Бешагиќ речиси целата своја досегашна кариера ја има поминато во Босна и Херцеговина, играјќи за клубови како Сараево, Искра, Бихаќ и Игман Коњиц, со што носи искуство и стабилност во тимот на Арсими.
Од клубот му посакаа добредојде, со надеж дека ќе биде вредно засилување за тимот, кој има јасна цел – да се задржи што подолго во Првата македонска фудбалска лига и да се наметне како конкурентен тим.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шефит Шефити се врати во тимот на Арсими
