Струга Трим Лум официјално ги започна летните подготовки за новата сезона 2025/26. Под водство на новиот тренер Бледи Шкемби, кој доаѓа од Албанија, тимот ги започна првите активности на својот тренинг-комплекс во Струга.
Фудбалерите денеска се запознаа со новиот стратег, а на првиот тренинг присуствуваше и спортскиот директор Бесарт Исаку, кој исто така даде поддршка пред стартот на новиот проект на клубот.

Со цел тимот да биде што подобро подготвен за новите предизвици, планирани се шест контролни натпревари против следниве противници: Балкани, Пелистер, Трајал Крушевац, Лапи, Скендербег и Охрид.
Покрај стартот на подготовките, денеска беше претставено и првото засилување на клубот, италијанскиот голман Марко Анџелети, кој ќе внесе свежина и конкуренција меѓу диреците.
Струга Трим Лум амбициозно влегува во новата сезона, со нов стручен штаб, засилувања и сериозни подготовки.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













