
Македонскиот прволигаш Пелистер го доведе првото големо засилување за новата сезона. Стефан Спировски од денес повторно е член на „зелено-белите“.
Искусниот фудбалер за врска потпиша договор со својот матичен клуб и ќе претставува големо засилување во обидот да се исполнат целите во сезоната 2025/26.
Откако во 2009 година го напушти Пелистер, 34-годишниот Спировски настапуваше во Борац Чачак, Работнички, Вардар, а изгради и интернационална кариера со настапи во Унгарија, Израел, Ерменија и Грција.
За македонската фудбалска репрезентација запиша 55 настапи, а беше дел и од Европското првенство во 2021 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal