Connect with us

Јани Атанасов се врати во Краковија

Македонскиот репрезентативец Јани Атанасов и официјално се врати во редовите на Краковија. Откако му заврши шестмесечната позајмица во екипата на Пушча, Атанасов повторно е дел од тимот на Краковија, со кој веќе започна со подготовки и ќе се обиде во наредниот период да се избори за место во првиот тим.

Иако не е исклучена можноста за нова позајмица, засега тој останува во составот на Краковија и ќе се подготвува за претстојната сезона во полскиот шампионат.

Атанасов пристигна во Краковија во 2023 година и има договор со клубот до 2026. Претходно настапуваше за Академија Пандев, Бурсаспор и за Хајдук Сплит.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови