Connect with us

Едиз Спахиу на радарот на Сиваспор

Крилниот напаѓач на Вардар, Едиз Спахиу, се наоѓа на радарот на турскиот второлигаш Сиваспор. По испаѓањето од елитата, Сиваспор сака експресно да се врати во најсилното турско фудбалско друштво и веќе ги разгледува опциите за засилувања.

Турскиот клуб ги насочи своите скаути кон Балканот, а во нивниот фокус влезе токму Едиз Спахиу.

24-годишниот напаѓач со турско потекло, кој ги брани боите на Вардар, веќе има солидно искуство во македонската Прва лига. Иако е релативно млад, Спахиу има одиграно 130 натпревари, постигнато 31 гол и запишано 12 асистенции.

Скаутите на турскиот клуб ќе го следат Спахиу во живо на 10 јули, кога Вардар ќе се соочи со Ла Фиорита од Сан Марино во квалификациите за Конференциската лига во Скопје.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови