По промоцијата на Арменд Алими, Башкими го претстави и своето второ засилување за сезоната 2025/26 – Давид Манасиевски.
23-годишниот играч за врска доаѓа од Тиквеш, а претходно ги бранеше боите и на Силекс, Македонија ЃП и Њу Старс. Со своето искуство и работна етика, Манасиевски се очекува да донесе стабилност и контрола во средниот ред на тимот предводен од тренерот Муарем Муарем.
Роден е во Куманово, па овој трансфер претставува и враќање дома за младиот фудбалер. Башкими, по долгогодишно отсуство, се подготвува за камбек на големата сцена, и Манасиевски е дел од амбициозниот проект за стабилизација и прогрес во елитата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













