
Македонскиот прволигаш Шкупи продолжува со екипирање, а конечно донесе и звучно засилување. 24-годишниот Ринор Ајдини и официјално е нов член на клубот од Чаир. По серија трансфери на помалку познати фудбалери, клубот овојпат ангажира играч со солидно искуство од домашната сцена.
Ајдини доаѓа од редовите на Гостивар, каде минатата сезона настапи на 21 натпревар, постигна еден гол и запиша една асистенција. Во сезоната 2025/26 се очекува да биде значаен дел од тимот на Шкупи.
Фудбалерот потекнува од академијата на Работнички, а во својата досегашна кариера настапуваше и за Хрватски Драговољац, Кадино и за Тетекс. Се одликува со флексибилност и може да игра на неколку позиции во средниот ред.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal