
Повратникот во Првата македонска фудбалска лига, тимот на Башкими, официјално го промовираше искусниот Арменд Алими како ново засилување пред стартот на новата сезона.
Алими се враќа во клубот каде што ја започна својата професионална кариера во 2005 година. Минатата сезона го носеше дресот на Беса, а низ својата богата кариера настапуваше за неколку клубови, меѓу кои: Милано, Истра, Оребро, Неа Саламис, Ермис, Шкендија и Работнички.
Башкими со ангажманот на Алими добива големо засилување и искуство во тимот, што ќе биде од големо значење во борбата за опстанок и добар настап во елитното друштво.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
