
По две и пол години настапи за тимот на Арау, поранешниот македонски репрезентативец Никола Ѓорѓев ја продолжува својата кариера во Португалија. Денес, 27-годишниот крилен офанзивец беше и официјално претставен како ново засилување на Фаренсе за претстојната сезона.
Ѓорѓев се приклучи на Фаренсе како слободен агент, откако му заврши договорот со швајцарскиот клуб. Португалскиот тим минатата сезона не успеа да обезбеди опстанок во највисокото национално натпреварување, а со ангажманот на Ѓорѓев се надева на брз камбек во елитата.

Advertisement
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal
Advertisement
Advertisement
