Ново име во таборот на Шкупи е 20-годишниот играч од средниот ред, Адонис Милај. Младиот Косовец доаѓа од германскиот фудбалски систем, каде ги бранеше боите на младинските тимови на Борусија Менхенгладбах (до 17 и до 19 години), а последно настапуваше за СЦ Сент Тенис во пониските лиги на Германија.
Милај е и поранешен репрезентативец на Косово до 19 години, што говори за неговиот потенцијал и меѓународно искуство уште во младите категории.
Ова е второ засилување на Шкупи во краток период, откако претходно беше ангажиран и 21-годишниот дефанзивец Емре Кадри. Се чини дека раководството на клубот јасно се насочува кон млади и талентирани фудбалери како темел за следната сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













