Вардар им се врати на позитивните резултати на подготовките во Словенија – овојпат со минимален триумф над романскиот Рапид Букурешт (1-0), благодарение на фантастичниот погодок на капитенот Горан Закариќ.

Уште во осмата минута од мечот, Закариќ испрати вистински проектил од околу 20 метри, погодувајќи прецизно во горниот десен агол. Прекрасниот гол беше доволен „црвено-црните“ да ја забележат втората победа на подготовките, по претходниот успех против Будуќност (3-0) и поразот од Олимпија Љубљана (0-2).
Следниот тест за вардарци е закажан за 28 јуни против Марибор, а на 3 јули ќе одиграат и генерална проба пред квалификациските дуели со Ла Фиорита од Сан Марино.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













