
Француската ѕвезда на Реал Мадрид, Килијан Мбапе, би можел да се врати на теренот за третиот натпревар на „кралевите“ на Светското клупско првенство против Салцбург, кој се игра во четврток. Тоа го најави тренерот на Реал, Чаби Алонсо, по победата со 3-1 над Пачука во неделата.
Мбапе ги пропушти првите два натпревари на Реал поради стомачни проблеми. Дури накратко беше хоспитализиран, но сега е веќе пуштен од болница и се чувствува подобро.
„Го очекуваме назад. Ќе ја следиме неговата состојба од ден на ден“, изјави Алонсо.
Реал Мадрид има потреба од само еден бод против Салцбург за да обезбеди место во осминафиналето на турнирот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор

Евро-фудбал
Рандал Коло Муани на позајмица во Тотенхем

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Интернационалци
Дарко Чурлинов потпиша за Кочаелиспор
