Connect with us

Работнички со ново офанзивно засилување – пристигна Флоријан Кадриу (Фото)

Македонскиот прволигаш Работнички доби ново офанзивно засилување. Во редовите на тимот од Дебар Маало повторно ќе заигра Флоријан Кадриу, 29-годишниот напаѓач кој денес потпиша договор на една година со можност за продолжување за уште една дополнителна сезона.

Искусниот Кадриу зад себе има богата кариера. покрај настапите во македонскиот шампионат, играше и во странство, конкретно во клубови од Албанија, Казахстан и Азербејџан. Последен клуб му беше Шкупи, а сега повторно ќе го облече дресот на Работнички.

Ова не е прво искуство на Кадриу со „романтичарите“, тој во 2017 година беше дел од клубот и одигра 14 натпревари.

Со неговото доаѓање, Работнички значително го засилува офанзивниот потенцијал пред европските предизвици. Тимот се подготвува за двомечот со белорускиот Торпедо-Белаз во квалификациите за Конференциската лига, каде што ќе се обиде да обезбеди пласман во следната рунда.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови