Connect with us

Манчестер Јунајтед сака да го купи Моисе Кин

Манчестер Јунајтед размислува за ангажман на напаѓачот на Фиорентина, Моисе Кин, откако италијанскиот репрезентативец имаше импресивна сезона во Серија А, објави „Газета дело Спорт“.

Кин ја оживеа својата кариера во дресот на „виолетовите“, постигнувајќи 19 голови и додавајќи три асистенции во 32 првенствени натпревари. Тој со ваквиот ефект се најде на радарот на „црвените ѓаволи“, кои итно бараат нов централен напаѓач.

По неуспешните обиди да ги донесат Лијам Делап и Виктор Ѓокереш, Јунајтед го насочи вниманието кон Кин. Според информациите, во договорот на напаѓачот постои ослободителна клаузула вредна 52 милиони евра (околу 44,5 милиони фунти), но таа е активна само во периодот од 1 до 15 јули.

Менаџерот Рубен Аморим не е целосно задоволен од настапите на актуелните напаѓачи Расмус Хојлунд и Џошуа Зиркѕе, поради што разгледува неколку алтернативи за засилување на нападот, а трансферот на Кин е една од приоритетните опции.

Сепак, Манчестер Јунајтед ќе мора да реагира брзо, бидејќи конкуренцијата е силна – сериозен кандидат за потписот на Кин е и саудискиот клуб Ал-Кадсија. Не е познато дали фудбалерот би прифатил преселба на Блискиот Исток, но се шпекулира дека богата понуда би можела да го натера да размисли.

И покрај тоа, Моисе Кин е решен да остане во конкуренција за репрезентацијата на Италија пред Светското првенство следната година, а трансфер во Јунајтед би можел да му ги зголеми шансите.

Кин веќе има искуство во Премиер – лигата со Евертон, но неговиот престој таму не беше успешен – не се адаптираше на англискиот фудбал и често беше критикуван поради однесувањето.

Во моментов нема гаранции дека Кин ќе го напушти италијанскиот фудбал ова лето. Тој се чувствува удобно во Фиорентина, а неговите настапи беа клучни во обезбедувањето пласман во Лигата на конференции преку шестото место на табелата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови