
Македонскиот прволигаш Струга Трим Лум се раздели со дефанзивецот Сава Радиќ.
„Сава Радиќ беше дел од Струга Трим Лум од јануари 2022 година. Струга Трим Лум му се заблагодарува на дефанзивецот за целиот придонес што го даде во текот на овие заеднички години.
Заедно освоивме две шампионски титули, а исто така игравме и во две финалиња на Купот“, истакнуваат од Струга ТЛ.
Во последната сезона тој настапи на вкупно 37 натпревари, од кои 28 беа во првенството.
Во периодот додека беше дел од тимот, Сава Радиќ во дресот на Струга Трим Лум одигра вкупно 108 натпревари, од кои 12 беа во европските натпреварувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
