
Шкендија го запиша првиот неуспех на подготовките за европските предизвици во квалификациите за ЛШ, откако беше убедливо поразена од словенечкиот Копер со 4-0 (1-0).
Македонскиот шампион успеа да парира во првото полувреме, иако уште од 18. минута беше во негатива – Суле донесе предност за Копер по една добра акција. Шкендија имаше неколку обиди да се врати, а ситуацијата изгледаше ветувачки кога противникот остана со играч помалку пред паузата.
Но, наместо тоа да биде предност, Шкендија доживеа вистински шок на стартот од второто полувреме. Во период од само 15 минути, Копер постигна три брзи гола преку Сидибе, Монсери и Јуриќ, и го запечати исходот на натпреварот.
Ова беше втор контролен натпревар за тетовци на подготовките, откако претходно го совладаа романски Аргеш. Следниот предизвик е закажан за четири дена, кога ќе се сретнат со бугарскиот гигант ЦСКА Софија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Лукас Васкез потпишува за Баер Леверкузен
