Фудбалскиот клуб Работнички продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во составот е искусниот дефанзивец Џелил Асани, кој денеска стави потпис на договор со клубот.
29-годишниот стопер пристигнува како замена за неколкуте заминати играчи од последната линија, со цел да донесе стабилност и сигурност во одбраната. Минатата сезона тој настапуваше за Шкупи во Првата македонска лига, каде одигра 24 натпревари, постигна три гола и додаде две асистенции.
Асани има богата интернационална кариера – настапувал во клубови низ Албанија (Билиш, Влазнија, Ерзени), Босна и Херцеговина (Рудар Приједор, Младост Какањ), Русија (СКА), САД (Питсбург), Узбекистан (Машал), Белорусија (Торпедо Жодино) и Малта (Пемброк). На домашна сцена, покрај Шкупи, носел и дресови на Металург и Велазерими.
Со неговото искуство и меѓународна рутинa, Работнички добива силно засилување во задната линија.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













