
Саудискиот гигант Ал-Хилал не успеа да ги реализира посакуваните засилувања пред почетокот на Светското клупско првенство во САД, и покрај големите напори и финансиска моќ.
Двете главни цели на клубот беа напаѓачот на Наполи, Виктор Осимен, и левиот бек на Милан, Тео Хернандез. Иако им беа понудени огромни плати, и двајцата фудбалери ги одбија првичните понуди, инсистирајќи дека сакаат да останат во Европа.
Ал-Хилал покажа интерес и за Кингсли Коман од Баерн Минхен и Дарвин Нуњез од Ливерпул, но за разлика од случаите со Осимен и Хернандез, со нив не дојде до конкретни преговори.
Најновиот удар за Ал-Хилал е одбивањето од страна на италијанскиот дефанзивец Алесандро Бастони. Иако неговиот поранешен тренер Симоне Инзаги, кој сега го води тимот од Ријад, лично го повикал да му се приклучи во Саудиска Арабија, Бастони вратил негативен одговор и истакнал дека сака да остане во Интер и да продолжи да настапува на највисоко европско ниво.
И покрај исклучително високата понуда од Ал-Хилал, Бастони, како и многу други европски ѕвезди, не е подготвен да се откаже од елитниот фудбал на Стариот континент.
Во меѓувреме, Ал-Хилал настапува на Светското клупско првенство во САД, каде одигра солиден натпревар против Реал Мадрид, покажувајќи дека може рамноправно да се носи со најдобрите европски екипи.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Интернационалци
Дарко Чурлинов и официјално е нов член на Кочаелиспор
