Connect with us

Јувентус ја наполни мрежата на Ал-Аин (ВИДЕО)

Јувентус имаше моќен старт на Светското клупско првенство. „Старата дама“ го декласираше Ал-Аин со убедливи 5-0, покажувајќи уште на самиот почеток дека има сериозни амбиции на овој турнир.

Тимот од Торино го реши прашањето околу победникот уште во првите 45 минути. Коло Муани го отвори резултатот во 11. минута, по што следуваше вистинска голеада – Консеисао и Јилдиз беа прецизни, а Муани уште еднаш се запиша во листата на стрелци за убедливо 4-0 на полувреме.

Во вториот дел, Јувентус продолжи во ист ритам и веќе во 58. минута Консеисао го постигна својот втор погодок.

Ова е втората највисока победа во историјата на натпреварувањето, веднаш по историските 10-0 на Баерн Минхен против Оукленд.

Во вториот натпревар кој се одигра во текот на ноќта, Салцбург со многу труд и борба стигна до победа од 2-1 против мексиканската екипа Пачука. Европскиот тим поведе пред самиот крај на првото полувреме, но Пачука израмни преку Гонзалес во 56. минута.

Сепак, хероите од Австрија најдоа начин да ја затворат средбата во своја корист – Онисиво ја затресе мрежата во 76. минута, обезбедувајќи вредна победа за Салцбург.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови