Барселона официјално го претстави голманот на Еспањол, Жоан Гарсија, како прво летно засилување. 24-годишниот чувар на мрежата потпиша договор на шест години, откако каталонскиот гигант ја активираше откупната клаузула од 25 милиони евра.
Гарсија, кој е дете на Еспањол, имаше одлична сезона во Ла Лига, што го убеди шампионот да го доведе како прв голман за новата сезона. Во текот на четири сезони со првиот тим, тој одигра 67 натпревари, прими 72 гола и 21 пат ја зачува својата мрежа.
Иако сè уште нема настап за сениорската репрезентација на Шпанија, Гарсија освои златен медал на Олимписките игри во Париз 2024, каде беше дел од тимот, но како замена.
FC Barcelona sign Joan Garcia
— FC Barcelona (@FCBarcelona) June 18, 2025
Пред официјалната потврда на трансферот, Гарсија објави емотивно видео преку социјалните мрежи во кое се збогува со Еспањол.
„Доаѓа моментот кога патиштата мора да се разделат. Време е да се збогувам со клубот кој ми беше дом од мојата 15-та година. Секојдневно се трудев да напредувам како фудбалер и како човек, со понизност и гордост што ја бранев мрежата на Еспањол. Знам дека оваа одлука нема да биде лесна за прифаќање, но беше внимателно обмислена. Ви благодарам од срце на сите тренери, соиграчи и луѓе од клубот, а најмногу на навивачите. Секогаш ќе бидам горд што ги носев овие бои. Сега започнува нов предизвик.“
Весникот „Мундо Депортиво“ забележа дека Гарсија, паралелно со објавата, ги ажурирал профилните податоци на Инстаграм и ја избришал фотографијата на која го бакнува грбот на Еспањол.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“
Евро-фудбал
Волфсбург го отпушти тренерот
Македонија Ѓорче Петров
Распад систем во Македонија ЃП: Бобан Грнчаров поднесе оставка, а играчите добија суспензии
Евро-фудбал
Бока слави во „Суперкласико“ (ВИДЕО)













