Connect with us

Манчестер Јунајтед го гледа голманот на Аталанта како замена за Андре Онана

Манчестер Јунајтед покажува сериозен интерес за голманот на Аталанта, Марко Карнесеки, пренесува „Кориере дела Сера“.

Според изворот, „црвените ѓаволи“ се подготвуваат да се разделат со Андре Онана во текот на летото и веќе активно бараат соодветна замена. Менаџерот Рубен Аморим го посочил 24-годишниот италијански репрезентативец како приоритетна цел.

Аталанта, наводно, е подготвена да го пушти Карнесеки за сума од околу 45 милиони евра.
Карнезеки има силна сезона зад себе – 44 одиграни натпревари, 18 чисти мрежи и 45 примени голови во сите натпреварувања во сезоната 2024/25. Неговиот договор со клубот од Бергамо е со важност до летото 2028 година, а неговата моментална вредност изнесува 25 милиони евра.

Останува да се види дали Јунајтед ќе испрати официјална понуда и дали Карнесеки ќе биде новото голманско име на „Олд Трафорд“.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови