
Двата италијански гиганти, Милан и Јувентус, разгледуваат можност за директна размена на фудбалери, Тео Хернандез и Душан Влаховиќ. Според информациите на „СпортМедијасет“, веќе се започнати прелиминарни разговори за евентуалната зделка.
И двајцата играчи се споменуваат како потенцијални заминувања ова лето, бидејќи нивните договори истекуваат во јуни 2026 година, а преговорите за продолжување се заглавени. Милан не сака да ризикува да го загуби Хернандез без обештетување, додека Јувентус не е блиску до нов договор со српскиот напаѓач.
Новото засилување на клупата на Милан, Масимилијано Алегри, го гледа Влаховиќ како идеален избор за предниот ред, додека „старата дама“ е во потрага по лев бек од врвна класа – а Хернандез би бил идеално решение.
Иако двата клуба ги проценуваат своите фудбалери на околу 30 милиони евра, проблем може да бидат платите. Влаховиќ моментално заработува 12 милиони евра годишно во Торино, сума што Милан тешко може да ја понуди. Од друга страна, Тео Хернандез бара нов договор со плата од 6 милиони евра годишно – нешто што Јувентус може да го исполни.
Се очекува разговорите да продолжат во наредниот период, а останува да се види дали оваа невообичаена размена ќе се реализира.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија подобра од Аргеш Питешти

Интернационалци
Тихо Костадинов потпиша за Сигма Оломук

Прва лига
Пелистер се раздели со Срѓан Захариевски

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Прва лига
Шкендија го врати и Ендрит Красниќи
