Connect with us

Ал-Хилал му нуди 50 милиони евра годишна плата на Осимен

Ал-Хилал не се откажува од доведување на Виктор Осимен и затоа ја зголеми понудата со која сака да го убеди да им се приклучи. Откако нигерискиот напаѓач на Наполи ја одби понудата од 30 милиони евра по сезона, саудискиот клуб реагираше со зголемување на таа сума на 50 милиони евра годишно.

Клубот, кој минатата сезона заврши како второпласиран во саудиската Про лига, е подготвен да ја активира клаузулата од договорот на Осимен и да му плати на Наполи бараните 75 милиони евра. Осимен минатата сезона играше како позајмен играч во Турција. Минатото лето беше една од најжешките теми на трансфер-пазарот. Откако одби да игра за својот тим Наполи, многу се шпекулираше каде ќе ја продолжи кариерата, но на крајот замина на позајмица во Галатасарај.

Во турскиот клуб оваа сезона постигна 36 голови и запиша осум асистенции во сите натпреварувања. По крајот на сезоната се враќа во Наполи, но италијанскиот клуб сигурно ќе го продаде ова лето бидејќи неговиот договор истекува во јуни следната година.

За Осимен е заинтересиран и Јувентус, но новиот италијански шампион не сака да ги засилува своите ривали од Серија А. Како можни дестинации за продолжување на кариерата на Осимен се споменуваат и Арсенал, Манчестер Јунајтед и Челси.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови