Connect with us

Постекоглу ќе го преземе саудискиот Ал-Ахли?

Ангелос Постекоглу би можел наскоро да се врати на тренерската клупа, откако добил понуда од саудискиот клуб Ал-Ахли, пренесуваат медиумите на Островот. Австралискиот стратег, кој беше отпуштен од Тотенхем, бил контактиран веднаш по неговото заминување и сега сериозно ја разгледува понудата од Саудиска Арабија.

Иако моментно е без клуб, 59-годишниот тренер не брза со одлуката. Постекоглу има желба да остане во Премиер – лигата, но засега единственото слободно место е во Брентфорд, откако Данецот Томас Франк го презеде Тотенхем како негов наследник.

Интересот на Ал-Ахли за Постекоглу доаѓа во време на неизвесност околу иднината на актуелниот тренер на клубот, Матиас Јаисле, и покрај тоа што го однесе тимот до титулата во азиската Лига на шампиони. Тоа би можело да ја отвори вратата за австралискиот стручњак, кој има искуство во азискиот фудбал – во периодот од 2018 до 2021 година го водеше јапонскиот Јокохама Ф. Маринос на 161 натпревар и ја освои титулата во Џеј лигата во 2019 година, пред да го преземе Селтик.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови