Connect with us

Баерн ги растури аматерите од Оукленд

Германскиот првак Баерн Минхен имаше само тренинг за постигнување голови на стартот на Светското клупско првенство. Баварскиот клуб славеше со 10-0, а во првото полувреме постигна шест гола.

Тоа и не би било чудно ако се знае дека аматерите на Оукленд имаат неделна плата од 90 долари, а за да ја достигнат платата на Хари Кејн треба да работат 107 години.

Кингсли Коман го постигна првиот гол во седмата минута, а потоа се редеа Боеј, Олисе, Коман, Милер и повторно Олисе.

Во вториот дел три гола постигна Џамал Мусијала, а серијата ја затвори Томас Милер, за конечни 10-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови