
Жозе Мурињо и Хјoнг-Мин Сон неодамна одржале лична средба на која тема била можниот трансфер на ѕвездата на Тотенхем во турскиот гигант Фенербахче. Според информации од Турција, капитенот на Тотенхем е заинтересиран за идејата да се пресели во Истанбул, а турскиот гигант му нуди годишна плата од 12 милиони евра.
Фенербахче е сериозен во намерата трансферот да се реализира што е можно побрзо, а како што пренесува шпанскиот „Фичајес“, вкупниот финансиски пакет би достигнал 30 милиони евра – сума која е поврзана со договорните обврски на Сон во Азија.
Иако има активен договор со Тотенхем до 2026 година, силната лична релација со Мурињо и атрактивната понуда од Турција може да бидат пресудни. Потсетување, токму Мурињо беше менаџерот што му даде нова димензија во периодот од 2019 до 2021 година, додека седеше на клупата на англискиот клуб.
Во случај да се реализира трансферот, Сон ќе си замине од Лондон како вистинска легенда на Тотенхем – со 173 голови на 454 натпревари и како капитен кој го донесе првиот трофеј по 17 години, триумфирајќи во Лига Европа во 2025 година.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Европскиот првак ПСЖ го суреди Атлетико

Евро-фудбал
Јувентус се вклучува во трката за Виктор Ѓокереш

Евро-фудбал
Баерн ги растури аматерите од Оукленд

Евро-фудбал
Арсенал повторно се фокусира кон Оли Воткинс

Интернационалци
Аријан Адеми пред потпис со Ујпешт

Евро-фудбал
Тотенхем ќе го откупи Матис Тел од Баерн Минхен
