Секој од избраниците на Благоја Милевски во младата репрезентација на Македонија со нескриен оптимизам ги очекува октомвриските квалификациски натпревари со Казахстан и со Израел за пласман на ЕП.
Позитивно расположен е и членот на Спортинг Лисабон, Димитар Митровски кој верува во триумф на гостувањето во Казахстан.
„Не само овој прв натпревар со Казахстан, но сите натпревари до крајот на квалификациите ни се важни затоа што сакаме што повеќе бодови во битката за освојување на второто место“ – вели крилниот офанзивец Димитар Митровски, и дополнува:
„На гостувањето во Казахстан сакаме да го поправиме тоа што го загубивме во Скопје. Бевме многу подобри од нив на првиот меч, но ете киксиравме во финишот дозволувајќи им на Казахстанците да дојдат до бод. Тоа треба да ни каже дека се игра 90 минути под максимална концентрација. Со победнички став патуваме во Казахстан и верувам дека ќе ги освоиме трите бода“.
Македонија со Казахстан игра на гостински терен во четврток (8. октомври), а потоа на 13. октомври го пречекува Израел во Скопје.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА ЕСЕНТА
Вардар заврши на врвот, ја мина есента без ниеден пораз и има пол-позиција пред...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА ЕСЕНТА: РОЏЕРС МАТО (ВАРДАР)
Вардар е лидер на табелата по првиот дел од сезоната, а „машината“ на Гоце...
Автор makfudbal
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Интернационалци
Уште една неуспешна тренерска епизода за Игор Ангеловски
Млади репрезентации
Македонија У15 ја победи Турција













