
Големиот македонски фудбалски талент Матеја Масев (15) го потпиша својот прв професионален договор со балканскиот гигант Црвена Звезда.
Во присуство на претседателот на клубот Светозар Мијаиловиќ и директорот на младинската школа Никола Јелиќ, Масев стави потпис на договорот, со што официјално се обврза на својата иднина во клубот чиј член е веќе неколку години.
Масев е капитен на македонската репрезентација до 16 години и се смета за еден од најголемите млади потенцијали во македонскиот фудбал. Тој го прослави својот 15-ти роденден во април оваа година и веќе привлекува сериозно внимание со своите настапи.
Ова го прави третиот македонски фудбалер што деновиве потпишал професионален договор со „црвено-белите“ – по Матеј Гаштаров (18) и Лука Трпески (15).
Очигледно е дека Црвена Звезда има голема доверба во македонските млади фудбалери и активно инвестира во нивниот развој, што претставува важен сигнал и за идните генерации таленти од Македонија.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Италија доживеа дебакл во Осло
