Беса од Добридол ќе продолжи да настапува во Втората македонска фудбалска лига (ВМФЛ), и покрај шпекулациите дека ќе се повлече од сениорската конкуренција. Во изминатите денови се појавија најави дека клубот ќе се насочи исклучиво кон младинските категории поради финансиски проблеми и повлекување на главниот спонзор. Но, ситуацијата сепак, многу веројатно ќе добие позитивен пресврт.
„Беса ќе игра во новата сезона од ВМФЛ. Спонзорот се повлекува, но локалната самоуправа и жителите на Добридол ќе бидат нашата поддршка“, изјави портпаролот на клубот, Шабан Синани.
Беса ова лето испадна од Првата лига, откако загуби во баражот од тимот на Башкими, но клубот одлучи да не се предаде и ќе продолжи да биде дел од македонската фудбалска сцена.
Оваа одлука претставува важен сигнал за заедништво и љубов кон спортот, а новата сезона ќе биде можност за Беса да се врати во елитата.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













