Тетекс, Слога Виница и Шкендија Арачиново се екипите кои ќе играат следната сезона во Втората лига, обезбедувајќи промоција преку бараж-натпреварите.
Шкендија Арачиново се враќа во Втората по подолга пауза, откако во возбудлив натпревар го победи Осогово со 2-1. Мечот беше обележан со тензии и прекин поради националистичко навивање.
Шкендија поведе преку Александар Ѓоргиевски од пенал, а Осогово израмни со гол на младиот Симовски во 51. минута. Клучниот момент се случи во 58. минута кога Бујар Иљази постигна одличен гол од далечина за конечни 2-1.

Тетекс одигра драматичен натпревар против Големо Коњаре. Тимот од Тетово имаше водство од 2-0, но прими два брзи гола во финишот, па мечот заврши 2-2. Сепак, „текстилците“ беа посмирени при изведувањето на пеналите и славеа со 5-3.
Слога Виница најубедливо се врати во второлигашкото друштво со победа од 3-0 над Преспа, благодарение на головите на Дарко Стојанов, Филип Петковски и Љупчо Христовски.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













