
На последната седница, Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија ги донесе следните одлуки:
- Бараж натпреварот ЖФК Речица – ЖФК Вардар за пласман во Првата женска фудбалска лига ќе се одигра на 28 мај во 11:00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје.
- Усвоен е Правилникот за внатрешна организација и систематизација на работните места во ФФМ, со цел зголемување на ефикасноста и професионалноста во работењето.
- Избрана е компанија за реализација и опремување на ВАР соба, како дел од процесот за имплементација на ВАР систем во Прва МФЛ;
- Донесена е одлука да се преземат сите неопходни правни и административни и законски мерки за заштита на интересите на ФФМ во врска со следните стадиони:
Трибина Охрид
Трибина Кичево
Трибина Штип
- Усвоен е предлогот за одржување на on-line седници на комисиите на ФФМ, што ќе придонесе за поефикасна работа и полесна координација.
- Управниот одбор го усвои предлогот за промена на системот на натпревари од натпреваривачката сезона 2026/27:
Прва МФЛ: намалување на бројот на клубови од 12 на 10
Втора МФЛ: намалување од 16 на 14 клубови
Комисија во состав Агим Ибраими, Игор Франговски и Сашо Здравевски ќе спроведе дополнителна анализа и ќе предложи конечни насоки за системот на натпреварување и начините на промоција и испаѓање.
- Кирил Изов е именуван за нов селектор на женската репрезентација до 19 години.
- Астрит Мерко е назначен за селектор на женската репрезентација до 15 години, на местото на Јовица Блажевски.
Со овие одлуки, ФФМ продолжува со процесите на унапредување на фудбалската инфраструктура, организација и натпреварувачкиот систем, со фокус на развојот на македонскиот фудбал.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја прослави титулата, ама Силекс ја однесе победата. Марко Ѓорѓиевски со два гола...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Ќе си ја земам топката и ќе си одам – Кај ќе одиш, на апарати?!
Кај нас во маало, а верувам и во други маала низ нашава Македонија, најубавата...
Автор Nikola Gjurovski

Евро-фудбал
Наполи е повторно на тронот во Италија (ВИДЕО)

Интернационалци
Димитар Митровски, избран во „Тимот на сезоната“ во Хрватска

Евро-фудбал
Флоријан Вирц е блиску до потпис со Ливерпул

Прва лига
Гачевски спиеше со пехарот (ФОТО)

Интернационалци
Дени Ииев уште две години во Романија
