
Македонија Ѓорче Петров и Арсими обезбедија директен пласман во Првата македонска фудбалска лига, додека Башкими ќе мора да игра бараж против Беса 1976 за последното место во елитата. Ова е епилогот на последното 30.коло од Втората фудбалска лига.
Македонија ЃП ремизираше без голови со Беласица, Арсими со 0-4 славеше против Вардар Неготино, а Башкими ја победи Брегалница во Штип со 0-1, а стрелецот на голот Емир Асани потоа потешко се повреди.

✅ Прва лига:
Македонија ЃП ја потврди титулата уште во претходното коло, а во последниот меч одигра 0-0 со Беласица.
Арсими испиша историја – со убедливи 0-4 против Вардар Неготино, првпат ќе игра во Првата лига. Стрелци беа Таипи, Рамадани, Белули и Алити.
⚔️ Бараж:
Башкими славеше минимално 0-1 на гости кај Брегалница Штип со раниот гол на Емир Асани, а голманот Амир Јашар беше херој со неколку одлични интервенции.

📊 Други резултати од последното коло во Втората лига
Детонит Плачковица – Победа 2-2
Трајкоски и Масевски погодија за домаќините, Димоски и Богоевски донесоа бод за прилепчани.
Скопје – Каменица Саса 3-2
Возбудлив меч со сите пет гола во второто полувреме. За Скопје погодија Ников, Михолов и Рамадани, додека за гостите стрелаа Голубов и Чурлинов.
Борец – Охрид 4-1
Убедлива победа за екипата од Велес.
Кожуф – Новаци 5-1
Најубедлива победа во колото за гевгелиската екипа.
🎯 Во очекување сме на баражот помеѓу Башкими и Беса 1976, кој ќе одлучи кој ќе го заземе последното место во Првата лига следната сезона.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Чиро Имобиле ќе паузира два месеца

Евро-фудбал
Алегри сака да го доведе Рабио во Милан

Интернационалци
Елиф Елмас е на чекор до враќање во Наполи
